Унгарскиот Пик Сегед е блиску до пласман во четврт-финалето на ЕХФ Лигата на шампионите откако на гостувањето во Полска со 20:22 (10:10) го совлада тимот на Висла Плоцк.
Со ова речиси се готови надежите дека Висла може да направи нова сензација, откако полскиот клуб се пласираше во осминафиналето на најдраматичен можен начин – губеше со 6 поени разлика од Бјергинбро-Силкеборг на полувреме, за да стигне до победа. Мисијата изгледа завршена посебно бидејќи Пик Сегед нема загубено на домашен терен оваа сезона.
Овојпат полскиот клуб имаше сили за израмнето прво полувреме, по што Сегед направи предност од два гола. Поранешниот вардарец Жоан Кањелјас беше најефикасен за гостите со 6 гола, а четири додаде Рихард Бодо, додека за Висла Де Толедо и Михал Дашек имаа по 5 гола.