Top Sport

Лунде и Вјахирева донесоа трета ЛШ круна во низа за Кристијансанд

Вајперс Кристијансанд стигна до хет-трик титули во ЕХФ Лигата на шампиони по 28:24 (14:13) беа подобри од Ференцварош Унгарија за да ја потврдат доминацијата во женскиот ракомет.

Норвешкиот тим поведе од стартот на мечот и не дозволи Ференцварош да се врати во игра, доминирајќи посебно во второто полувреме во кое стигнаа и до +7 предност. Ана Вјахирева со пет гола беше лидер на Вајперс, додекаа на голот блесна Катрине Лунде, која во клучните моменти во првото полувреме не дозволи камбек на унгарскиот тим.

Третото место во драматичен меч го освои Ѓер со 28:27 победата над Есбјерг.

Scroll to Top