Настапите на Еурофарм Пелистер во Европската лига на ЕХФ завршија во четврт-финалето, откако и во вториот меч со германскиот фаворит Магдебург, овојпат на гости, доживеаја висок пораз од 35:24.
По домашниот пораз во Битола од 24:32, гостувањето во Германија беше само рутина за тимот, кој беше без својот тренер Жељко Бабиќ, кој беше позитивен на КОВИД-19.
Јустус Клуге со седум гола беше најефикасен за Магдебург, додека за Пелистер повторно блесна Стипе Мандалиниќ со седум гола, а пет додаде Бојан Маџовски.