Македонија ги дозна противниците во баражот за пласман на Светското првенство во ракомет, што ќе се игра во 2023 година во Шведска и Полска.
Македонија поради пласманот на Европското првенство ќе мора да игра пред бараж. Противник на избраниците на Кире Лазаров ќе им биде Романија. Доколку во двата натпревари, помеѓу 14. и 20.март, Македонија биде поуспешна од Романија, во баражот за пласман на Мундијалот ќе игра против Чешка.
И тука ќе се играат два натпревари, помеѓу 11. и 20.април. ДОмаќин во првиот меч ќе биде Чешка.