Македонија во својот последен натпревар на Европското првенство во Хрватска има 12:12 по првото полувреме против полуфиналистот Данска.
Натпреварот кој нема големо значење, го започнавме со игра гол-за-гол со силните Данци, и до шестата минута беше 5:5, пред повторно да влеземе во период во кој не успевавме да направиме нешто конкретно во нападот, дозволувајќи Данците да се одвојат на два разлика.
Потоа полека се враќаме во форма, за во финишот на полувремето, Манасков да погоди од пенал за 12:12.
Дејан Манасков е најефикасен во нашиот состав со четири гола, додека по три имаат Филип Кузмановски, кој се врати во тимот по „паузата“ против Чешка и Филип Талески.
Goal for FYR Macedonia !!! 3 minutes before half-time ??12:12?? @dhf_haandbold #MKDDEN #EHFEURO2018 pic.twitter.com/YD4XAbHvmA
— EHF Live (@EHF_Live) January 24, 2018