Top Sport

Македонија и Франција ќе го отворат ЕП во ракомет

Вечерва со натпреварите од А групата, Македонија-Франција и Германија-Швајцарија започнува Европското првенство во ракомет. Шампионатот ќе се игра во наредните 18 дена во Дизелдорф, Берлин, Келн, Хамбург, Минхен и Манхајм.

24 репрезентации поделени во шест групи ќе се борат за европската титула, која ќе се обиде да ја обрани селекцијата на Шведска.

Најдобрите две селекции од секоја група ќе продолжат во главната фаза.

Во Топ 12, ќе бидат формирани две нови групи со по шест селекции. Бодовите се пренесуваат со тимот кој го продолжува натпреварувањето (максимум два бода). Нема четвртфинале, туку двете најдобри селекции од новоформираните групи ќе играат во полуфиналето. Завршницата, полуфиналето и финалето ќе го играат во Ланксес арената во Келн.

Група А: Германија, Франција, Швајцарија, Македонија
Група Б: Шпанија, Хрватска, Романија, Австрија
Група Ц: Србија, Исланд, Унгарија, Црна Гора
Група Д: Норвешка, Словенија, Полска, Фарски острови
Група Е: Шведска, Холандија, БиХ, Грузија
Група Ф: Данска, Португалија, Чешка, Грција

Scroll to Top