Top Sport

Македонија играше едно полувреме, на крајот убедливо загуби од Унгарија

Македонската женска ракометна репрезентација го заврши учеството на Европското првенство. Во последното коло од А групата, Македонија загуби од Унгарија со 19:29 (10:11).

30 минути добра игра не беа доволни македонските ракометарки да приредат изненадување против домашната репрезентација.

Првиот дел беше егал, дури во еден момент Македонија имаше два гола предност (8:6), но на паузата Унгарките заминаа со гол предност.

Вториот дел беше исклучително лош за Македонија, во водените седум минути од овој период Унгарките постигнаа пет гола, а потоа уште повеќе го засилија темпото и дојдоа до двоцифрена предност (13:23).

Селекторот Грчевски ја потенцираше лошата игра во второто полувреме, за во иднина најави и промени во составот.

„Некои ракометарки ќе треба малку да се замислат дали навистина заслужуваат да бидат во репрезентацијата“, истакна селекторот.
Настапот на Европското првенство Македонија го заврши со еден освоен бод, против Турција (25:25).

Scroll to Top