Top Sport

Македонија не дозволи Корејците да се вратат, на крајот на 27. место на СП

Македонската ракометна репрезентација ќе го заврши Светското првенство во Полска и Шведска на 27. место, откако во натпреварот со пласман, пристојно се намачивме со мотивираната репрезентција на Јужна Кореја за на крајот да стигнеме до 36:33 (20:19) победа.

Селекцијата на Кирил Лазаров почна одлично, и во првото полувреме имавме максимална предност од пет гола, пред во финишот на полувремето, Корејците да се доближат на само еден гол разлика.

Но, во второто полувреме, Корејците не само што израмнија, туку дојдоа и до прво водство при 26:25, пред македонската репрезентација да го крене своето ниво и во финишот на мечот да ја направи разликата за победа.

Филип Кузмановски со осум гола беше најефикасен во македонската репрезентација, Мартин Серафимов заврши со  пет гола,  а Талески и Ѓонов додадоа по четири гола.

Фото: РФМ

Scroll to Top