Top Sport

Македонија поразена од Данска

Кадетите со пораз стартуваа во главната фаза Светско првенство што се одржува во Хрватска. Данска ја порази Македонија со 37:30.

Данците, во раната фаза на натпреварот ја обезбедија клучната предност. Водеа со 8:4 во 10.минута, а потоа и со 13:6 во 16.минута. На полувреме Македонија имаше негатива од шест гола (18:12).

Стартот на вториот дел им припадна на македонските кадети, во 36.минута се доближија на негатива од три гола (20:17), но немаа сили за комплетен пресврт.

Кадетите утре ги очекува нов натпревар во групата, од 17.30 часот ќе играат против Австрија.

Фото/ РФМ

Scroll to Top