Македонската ракометна репрезентација водеше во текот на целиот меч, но на крајот одигра 24:24 (13:10) на гостувањето кај Чешката Република во првиот меч од баражот за пласман на СП во Полска и Шведска во 2023 година, за предупредување дека во недела во Скопје мора да се биде повнимателен за продолжување на традицијата за пласман на големите натпреварувања.
Момците на селекторот/капитенот Кирил Лазаров имаа одличен старт на мечот, поведувајќи со 1:4, за на полувреме да отидат со предност од три гола (10:13), која само ја зголемија во второто полувреме, пред во финишот да падне концентрацијата и наместо да се стигне до победа со четири-пет гола разлика, дозволивме Чесите да се доближат на гол разлика во последните минути од мечот, пред Кашпарек во последниот напад за Чесите да успеа да израмни.
Филип Талески со 5 гола беше најефикасен во македонската репрезентација, додека по четири гола постигнаа Лазаров и Гоце Георгиевски. Матеј Клима и Јакуб Хрстка беа најдобри за Чесите со по пет постигнати голови.
Реваншот се игра во Скопје во недела во 19 часот.
СП 2023, ПОЛСКА/ШВЕДСКА, БАРАЖ
Чешка – МАКЕДОНИЈА 24:24 (10:13)
Словенија – Србија 31:34 (16:20)
Австрија – Исланд 30:34 (13:18)
Финска – Хрватска 21:34 (9:16)
Израел – Унгарија 32:33 (18:17)
Грција – Црна Гора 25:23 (15:10)
Германија – Фарски Острови 34:26 (17:11)