Top Sport

Македонија против Црна Гора во второто коло на ЕП

Македонската репрезентација, вечерва ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство во Унгарија и Словачка. По воведниот пораз од Словенија, македонските репрезентативци за противник ќе ја имаат селекцијата на Црна Гора.

Македонија, против Црна Гора, мора да победи доколку сака да ги задржи шансите за пласман во вториот круг. Со иста цел во дуелот ќе влезат и Црногорците кои на стартот беа поразени од Данска.

Селекторот Кирил Лазаров, на вчерашната прес конференција, рече дека можеби индивидуалниот квалитет на на страната на противникот, но дека како колектив Македонија е посилна од Црна Гора.

Натпреварот во Деберецин ќе започне во 18 часот, ќе го судат Литванците Миндаугас Гателис и Ваидас Мазеика.

Scroll to Top