Top Sport

Македонија против Франција на ЕП

Женската ракоемтна репрезентација на Македонија, вечерва ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство. Македонија, заедно со Словенија и Црна Гора го организира континеталното првенство.

Ждрепката не за ЕУРО 2022 не им беше наклонета на избраничките на селекторот Љубомир Савевски. На домашен терен, пласман во следната рунда ќе се обидат да изборат во конкуренција на Франција, Холандија и Романија.

Македонските ракометарки по пауза од 10 години повторно се на завршницата на едно континентално првенство. На страртот не можеа да добијат потежок противник. Франција е актуелен вице-првак и секако еден од најголемите фаворити за титулата.

Натпреварот во Скопје, во арената „Борис Трајковски“, ќе започне во 18 часот. За два дена Македонија ќе игра против Холандија, а на 9.номеври против Романија.

Scroll to Top