Top Sport

Македонија со сигурен победнички старт во Минхен!

Предводени од капитенот Кирил Лазаров во нападот и фантастичниот Борко Ристовски на голот, македонската ракометна репрезентација го започна своето шесто учество на едно Светско првенство со очекувана и убедлива 38:29 (18:13) над Јапонија во Минхен.

Со оваа победа, селекцијата на Раул Гонзалес ја оствари својата прва цел, и сега со победа во неделниот меч против Бахреин втората рунда ќе биде на дофат. Против Јапонија доминиравме и ја контролиравме играата, иако разликата можеше да биде уште поголема доколку функциониравме подобро во одбрана.

По почетната предност на брзите Јапонци од 3:4, следуваше низа на Македонија од 4:0, и преземање на предноста, која потоа не ја испуштивме до крајот. На полувреме Македонија отиде со 18:13, а второто полувреме Јапонците го започнаа со надеж дека можат да се вратат во натпреварот и намалија на -3, пред во последните 20 минути, Македонија да ја покаже силата.

Кирил Лазаров имаше осум голови, Дејан Манасков беше еден од клучните ракометари во второто полувреме со вкупно седум гола, додека секогаш сигурниот Стоилов исто  броеше до шест. Ристовски на голот имаше дури 20 одбрани покажувајќи форма која ќе ни биде потребна во следните потешки мечеви.

Следниот предизвик е уште една азиска репрезентација, посериозниот тим на Бахреин, со кого играме во недела во 14 часот.

Фото: ЕПА

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ДАНСКА/ГЕРМАНИЈА, 1.КОЛО

ГРУПА Б

Јапонија – Македонија 29:38 (13:18)

Исланд – Хрватска 18.00 ч

Бахреин – Шпанија 20.30 ч.

ГРУПА А

Србија – Русија 18.00 ч.

Бразил – Франција 20.30 ч.

ГРУПА Ц

Саудиска Арабија – Австрија 18.00 ч.

Тунис – Норвешка 20.30 ч.

ГРУПА Д

Ангола – Катар 24:23 (12:8)

Аргентина – Унгарија 18.00 ч

Египет – Шведска 20.30 ч.

Scroll to Top