Македонската ракометна репрезентација, вечерва во Рејкјавик, му гостува на Исланд во третото квалификациско коло за пласман на Европското првенство во 2020 година.
Исланд е лидер во Групата 3, со две победи во првите две кола, додека Македонија и Грција имаат победа и пораз, а Турција е последна со два порази.
Во Рејкјавик, македонските ракометари ќе се обидат да им се реваншираат на Исланѓаните за поразот на Светското првенство. На 17 јануари Исланд ја победи Македонија 24:22 и се пласира во четвртфиналната група.
На тој меч Кире Лазсров и Манасков постигнаа по пет гола за Македонија, а Исланд го предводеше Гунарсон со десет гола.
Во меѓувреме во нашата селекција се случи промена на селекторската позиција, на местот на Раул Гонзалес дојде Данило Брестовац кој на Исланд ќе му се спротивстави со следниот тим: Борко Ристовски, Никола Митревски, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Томислав Јагуриновски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Велко Маркоски, Кирил Лазаров, Филип Талески, Марио Танкоски и Филип Кузмановски.
Вечерва натпреварот ќе започне во 21.45 часот, а реваншот во Скопје ќе се одигра в недела.