Top Sport

Македонија во финишот потклекна под моќната Норвешка

Македонската женска ракометна репрезентација остана без поени по пет кола во ЕХФ Евро купот, откако дома загуби со 18:24 (12:14) од силната репрезентација на Норвешка.

Сепак, поразо не треба да биде деморализирачки, бидејќи иако македонските ракометарки постојано ја бркаа негативата, во поголемиот дел од мечот беа израмнети со ривалките, задржувајќи се на само гол разлика.

Јована Саздовска постигна шест гола за Македонија, Моника Јаневска додаде 4, а на голот Јована Мицевска имаше 12 одбрани. Хелена Фауске беше најдобра за Норвешка со 6 гола.

Фото: Игор Паневски/Тоспорт

Scroll to Top