Машката ракометна репрезентација на Македонија до 19 години ја победи Грузија со 27:21 во третото коло од групата Ф на Светското првенство и обезбеди пласман во главната фаза на Мундијалот.
Македонија сега се наоѓа 16 најдобри селекции во светот и сега тргнува во битка за што е можно подобар пласман.
Младите македонски ракометари имаа контгрола на играта и на резултатот во целиот тек од мечот против Грузија. На полувреме имаа водство од три гола, а потоа и ја зголемија во вториот дел, за убедлив триумф на мечот што се одигра во Ријека.
Ненад Белистојаноски со шест гола беше најефикасен ракометар во македонскиот национален тим на овој натпревар.