Ракометната репрезентација на Македонија денеска (15.30 часот) во Катовице ги стартува настапите на „Президент куп“, утешната втора фаза на Светското првенство. Како единствена европска селекција во овој дел од натпреварувањето, македонските ракометари за прв ривал ја имаат селекцијата на Алжир.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа лоши три натпревари во главната фаза и забележаа три убедливи порази од Норвешка, Холандија и од Аргентина.
Натпреварите до крајот на Мундијалот ќе бидат шанса за ракометарите барем малку да го поправат впечатокот.
Алжирците на голот го имаат поранешниот голман на Вардар, Калифа Гедбан, двајца ракометари настапуваат во Франција, а по еден во Турција, Грција и во Романија. Тие исто така имаа три порази во главната фаза, од Германија, Србија и од Катар.