Top Sport

Македонските ракометни ѕвезди на вечерно дефиле во СЦ „Борис Трајковски“

Ракометен спектакл ќе се случува вечерва (19 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ кога актуелниот национален тим ќе одигра ревијален натпревар со македонските ракометни ѕвезди кои ги бранеа боите на Македонија низ изминатите две децении. Спектаклот е наречен „Сите ѕвезди“, а на теренот ќе продефилираат Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски, Наумче Мојсоски, Стевче Алушовски, Ацо Јоновски, Горан Ѓоргоновски, Бранко Ангеловски, Петар Ангелов, Александар Јовиќ, Раде Стојановиќ, Ванчо Димовски…

Кире Лазаров ќе заигра за ветераните, а неговите сегашни избраници, иако се работи за ревијален меч, ќе имаат уште една проверка пред настапот на Светското првенство во Полска и Шведска.

За забавата ќе биде задолжен Сашко Коцев, а ќе настапат и Дац и Александар, Кики, Некст Тајм и Меморија.

Сите билети за ракометно-забавното шоу се распродадени и публиката со сигурност ќе ужива во мајсториите на македонските ракометни мајстори.

Scroll to Top