Top Sport

Малус трагичар, Вардар 1961 поразен од Нант

Вардар 1961 го доживеа вториот пораз во Лигата на шампионите, прв пред својата публика. Вечерва во Скопје, во драматична завршница, црвено-црните загубија од Нант со 32:33 (15:16).

Вистински ролекостер беше натпреварот во „јане Сандански“, пред бучната публика. Вардар подобро влезе во мечот, но играчите на Нант се ослобидија од почетната трема и во 17. минута францускиот вицепрвак имаше предност од четири гола. Вардар сепак до крајот на полувремето се доближи на само гол негатива.

До средишницата на вториот дел се играше гол за гол, Нант потоа стекна предност од два гола, која Вардар експресно ја анулира по тајм-аутот на тренерот Чупиќ.

Играчте во црвено-црни дресови продолжива во ист ритам, носени од публиката дојдоа до преднст 29:27, но не успеаја да ја направат клучната разлика. Нант успеа да изедначи на 31:31 и тука започна неверојатниот финиш.

Во последните две минути, Малус беше трагичарот. Словенецот загуби топка, отовро контра за противникот, но Гогов го удбрани ударот на Леполд. На спротивната страна Малус имаше чиста позиција, овој пат се истакна голманот на Нант, Бонде.

Нант во финишот доби седмерец, го реализираше Леополд, а во последните секунди Малус не успеа да постигне гол.

Абделхак со 10 погодоци го предводеше Вардар 1961, шест имаше Малус, а по пет Воркапиќ и Љевар. Нант го предводеше Швајцарецот Леополд со 13 голови.

Foto/ facebook.com/rkvardar

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');