Дејан Манасков по завршувањето на сезоната ќе ги смени клупските бои. Неговиот актуелен клуб Веспрем, објави, дека нема да го продолжи договорот со македонскиот репрезентативец.
Манасков од Рајн Некар пристигна во Веспрем, во 2017 година. Досега настапил на 156 натпревари, на кои псотигна 536 голови. Со Веспрем има освоено две титули во СЕХА лигата и една во унгарското првенство.
„Ти благодариме Деки, многу среќа во натамошниот дел од кариерата“, објави Веспрем.
Поради тешката повреда на коленото, Манасков долго време е надвор од терените. Повредата го оневозможи да настапи на Европското првенство.