Top Sport

Манасков со Веспрем ќе се бори за европската титула

Ракометарите на Веспрем први изборија пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Веспрем во четврт-финалето забележа две победи во дуелите со Фленсбург. Во Германија Унгарците славеа 28:22, а во вечерва на домашен терен резултатот беше 29:25.

Некогашниот помошник на Раул Гонзалес во Вардар, Давид Дејвис Камара, успеа да се пласира со Веспрем на турнирот во Келн. Важен играч во ротацијата на Дејвис е македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

Манасков постигна еден гол на овој натпревар.

Инаку дуелот започна со доминација на Фленсбург. Имаа Германците предност 5:0 во шестата минута и тука нивната игра се распадна. На полувреме Веспрем имаа 17:13, а во второто полувреме Унгарците неколку пати водеа и со шест разлика.

Поранешниот репрезентативец на Словенија Драган Гајиќ со шест гола беше најефикасниот играч на Веспрем, во чии редови 12 играчи постигнаа најмалку еден гол.

Кај Фленсбург далеку најдобриот поединец беше голманот Бергелуд со 17 одбрани.

Scroll to Top