Top Sport

Мандалиниќ: Добро вечер Битола, здраво за „Чкембарите“

Еурофарм Пелистер донесе уште едно големо засилување, откако го обезбеди потписот на хрватскиот ракометар Стипе Мандалиниќ, кој од вечерва е нов ракометар на „зелените“.

27-годишниот Мандалиниќ оваа сезона настапуваше за германскиот клуб Фухсе Берлин, кои го отпуштија по економската криза поради корона вирусот.

„Добро вечер Битола, добро вечер на сите фанови на Еурофарм Пелистер, здраво за „Чкембарите“. Официјално се е готово, јас сум нов играч на РК Еурофарм Пелистер, се гледаме наскоро и тргнуваме кон освојување на титулата“, изјави Стипе Мандалиниќ во видео порака од Загреб.

Хрватскиот репрезентативец ги носеше и дресовите на Карловац и Сплит. Мандалиниќ е четврто засилување на клубот од Битола по Периќ, Кушан и Танкоски.

Scroll to Top