Top Sport

Мандалиниќ не можеше сам против Табања – незгоден пораз за Пелистер

Пелистер загуби со 25:21 (11:11) на гостувањето кај унгарска Татабања во 9. коло од Европската лига на ЕХФ, резултат кој го остава далеку од првото место во групата Д, со потребна победа над АЕК Атина во следното коло за пласман во нокаут фазата.

Пелистер успеа да биде израмнет ривал во текот на целото прво полувреме, за на почетокот на второто да дојдат до предност од два гола (11:13), меѓутоа, домаќинот се врати во игра и во финишот направи (пре)голема предност.

Стипе Мандалиниќ беше одличен за тимот на Жељко Бабиќ со 10 постигнати голови, додека кај Татабања, Стефан Сунајко уфрли 8 гола.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Scroll to Top