Ракометната репрезентација на Словенија непријатно изненади на тековното Европско првенство во Унгарија и Словачка. Полу-финалистите на ЕП пред две години, не успеаја да ја минат групата во која беа Македонија, Црна Гора и Данска.
Еп Словенија го започна со победата над Македонија (27:25), потоа доживеаја тежок пораз од Данска (23:34), а во решавачкиот меч за пласман во втората фаза загубија од Црна Гора (32:33).
„Немам зборови. Се изрезиливме. Во завршните минути против Црна Гора направивме премногу грешки, примивме многу голови и не ги реализиравме последните три седмерци. Сами сме виновни за поразот,не смеевме да дозволиме да дојдеме во ваква ситуација“, изјави Гашпер Маргуч.
Дебаклот тешко му падна на капитенот Јуре Доленец, кој најави дека би можел да стави крај на репрезентативната кариера.
„Ова е едно од најголемите разочарувања во мојот живот. Примивме 15 голови од иста акција. Ми треба време да решам што ќе правам понатаму“, рекол Доленец.
Фото/ facebook.com/rfmofficial