Ракометарите на Рајн Некар забележаа пораз во 13.коло во Бундеслигата. Актуелниот германски првак на гости кај кај Мелсунген беше поразен со 29:26 (15:13).
Рајн Некар само во првите 15-тина минути одигра онака како што му доликува на шампионот, потоа Мелсунген ја презеде контролата врз играта, најчесто одржуваше предност од четри гола и релативно лесно стигна до првата победа над Рајн Некар во последните две години.
Германскиот првак го забележа вториот пораз во Бундеслигата и си направи лоша увертира пред саботното гостување во Скопје, во Лигата на шампионите.
Најефикасен кај Рајн Некар беше Швајцарецот Шмит со седум гола, а голамнот Апелгрен имаше 11 интервенции. Македонскиот репрезентативев Талески не успеа да постине гол.
Мелсунген го предводеше голамнот Симиќ со 13 одбрани, а најефикасен беше германскиот репрезентативец Кун со девет гола.