Поразот од Вардар, во полу-финалето на завршниот турнир во СЕХА лигата ја одреди судбината на познатиот шпански тренер Маноло Каденас. Челниците на Мешков Брест решија да му врачат отказ на тренерот кого го ангажираа на почетокот на сезоната.
Мешков Брест со големи амбиции влегоа во оваа сезона. Бидејќи во домашниот шампионат немаат сериозен ривал, целта беше да се мине групата во Лигата на шампионите и да се освои титулата во СЕХА, бидејќи завршниот турнир се играше во Белорусија.
Сепак, Мешков Брест не успеа да го мине Вардар во полу-финалето. „Црвено-црните“ потоа ја одбранија титулата, а за Мешков слаба утеха беше освојувањето на третото место.
Екипата до крајот на сезоната ќе ја предводи неговиот сонародник Раул Алонсо.