Шампионот на Белорусија, Мешков Брест уште еднаш покажа дека е во врвна форма, откако со убедливи 35:19 (15:9) ја победија Војводина, почнувајќи го клучниот дел од сезоната во кој ќе бркаат пласман на Фајнал фор турнирот во СЕХА-лигата.
По победата над Рајн-Некар Левен во Лигата на шампионите, Мешков беа фуриозни против српскиот клуб за совршена подготовка за мечевите против водечкото трио – Вардар, ППД Загреб и Нексе.
Србинот Дарко Ѓукиќ им „пресуди“ на Војводина со девет гола, додека Петар Ѓорѓиќ, уште еден српски интернационалец имаше пет гола. За гостите Душко Челица и Бранко Томиќ имаа по три постигнати голови.