Top Sport

Металург донесе грузиски талент

Металург се пофали со ангажирањето на младиот грузиски ракометен талент, 21-годишниот Иракли Кбилашвили, кој се смета за еден од најталентираните млади ракометари на континентот.

Кбилашвили остави одличен впечаток на IHF Emerging Nations турнирот, што пред неколку дена заврши во Грузија. На тоа првенство на земји во ракометен развој, Грузија го освои првото место, а Кбилашвили постигна 15 гола од само 22 обиди.

Младиот Кбилашвили игра на позиција среден бек и ќе ја дели минутажата со Лука Стојановиќ. Иракли Кбилашвили е шестото засилување на Металург за новата сезона, по Милан Поповиќ, Лука Вујовиќ, Раваз Чантурија, Маријан Мамиќ и Даниел Ѓоргески.

Scroll to Top