Металург и Бутел ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат во првото квалификациско коло во Лига Европа. За да избора пласман во фазата по групи македонските тимови ќе треба да минат две квалификациски рунди.
Првата пречка за Металург на патот до пласман во фазата по групи ќе биде хрватскиот претставник Спачва од Винковци. Металург е фаворит во оваа пресметка.
Нешто потежок противник добија ракометарите на Бутел. Тие во првото коло ќе играат против Ѓенѓеш од Унгарија.
Првите натпревари на програмата ќе бидат на краот од овој месец (29/30 август), а реваншите ќе се одиграат една недела подоцна. Металург ќе биде домаќин во првиот меч, додека Бутел прво ќе гостува во Унгарија.
фото/rkmetalurg.mk