Металург стигна до убедлива победа од 33:25 во дуелот со српскиот тим Динамо Панчево во СЕХА лигата, за да се крене мотивацијата на момците на Александар Јовиќ.
Победата беше обезбедена уште во првото полувреме, кога Металург направи разлика од пет гола до средината на првите 30 минути, за на одмор да се отиде со 22:13. Во второто полувреме разликата надмина и 10 погодоци, по што рутински се стави крај на мечот.
Најефикасен во тимот на Металург беше хрватскиот ас Халил Јагањац со 10 гола, додека Кузмановски погоди седум пати.
Ова е четврта победа на Металург во СЕХА лигата оваа сезона со која се искачи на шестото место на табелата со четири поени помалку од Татран Прешов. Динамо се осми со 7 поени.
Фото: СЕХА лига