Top Sport

Металург патува во Швајцарија со +2

Металург стигна до 26:24 (14:13) победа над швајцарскиот клуб Кринс, во првиот меч од баражот за пласман во групната фаза на преименуваното натпреварување на ЕХФ, Лига Европа.

Мечот беше израмнет во целиот тек, а во финишот, дури и Кринс стигна до два гола предност, пред со серија 5:1 да го вратат водството и да отпатуваат во реваншот со +2 разлика.

Златко Хорват и Марко Тарабокија имаа по осум голови за клубот од Автокоманда, додека за гостите Јернер Папеж уфрли шест гола. Реваншот за пласман во групната фаза се игра на 29 септември.

Фото: РК Вардар

Scroll to Top