Македонскиот вице-шампион Металург ги заврши натпреварувањата во ракометната Лига на шампиони, откако загуби со 31:27 на гостувањето во Португалија кај Спортинг Лисабон.
Тимот од Автокоманда имаше добар старт и водеше со 5:1, за на полувреме да заминат со предност од 15:12. Меѓутоа, во вториот дел, португалскиот шампион почна да го контролира мечот, и на крајот триумфирше со четири поени разлика.
Најдобар кај Металург беше Илиќ со 6 гола, додека Кузмановски додаде 5 поени. Тимот на тренерот Александар Јовиќ ги завршува настапите во ЛШ со две победи, едно реми и седум порази, но и со лоша последна низа од шест порази.