Top Sport

Металург се договорил со браќата Ниокас

Близнаците Оливие и Кевин Ниокас, од наредната сезона ќе го носат дресот на ракометниот клуб Металург.

Француските медиуми, тврдат дека левиот и десниот бек, со Металург ќе потпишат две годишни договори.

Оливие Ниокас, во моментов е играч на Нант, додека Кевин игра во Бенфика.

Оливие Ниокас, во кариерата одиграл 19 натпревари за Франција. Со троколорите освои златен медал на Светското првенство во 2017 година.

Металург, за наредната сезона, формира тим кој ќе може да им конкурира на Вардар и Еурофарм Пелистер во борбата за титулата.

Scroll to Top