Top Sport

Металург се засилија со Абдула Мане

Французинот Абдула Мане, е најновото засилување за ракометниот клуб Металург. Левиот бек со Металург потпиша двегодишен договор.

Мане (25), во Металург пристигна од екипата на Дижон. Претходно настапувал и во Безансон, Белфорт и Мулхаус и беше најдобар стрелец на Про лигата, односно втората француска лига.

По браќата Њокас, Мане е третиот француски ракометар во редовите на Металург. нашите редови и е седмото засилување на Металург за претстојната сезона.

Покрај Мане, браќата Њокас и Португалецот Рибеиро, Металург го засилија и пикерот Костадин Петров, средниот бек Бобан Каковски и голманот Димитар Бардаковски.

Scroll to Top