Првиот човек на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Михаел Видерер доби нов, четиригодишен мандат на чело на федерацијата, останува на оваа позиција до 2025 година.
На ЕХФ конгресот кој е во тек, а кој се одржува под слоганот „Европска ракометна иднина“ важна точка на дневниот ред ќе биде извештајот за Европскиот ракометен Мастер план.
„Ова е можност да се обликува иднината на ракометот и верувам дека со знаењето, стручноста и страста кон играта ќе ја оствариме визијата да го направиме ракометот најатрактивен тимски спорт во Европа“ рече Видерер.
На Конгресот во Виена има 40 членови од сите национални федерации.