Еден од најдобрите светски ракометари Микел Хансен би можел да го пропушти Светското првенство во Египет. Хансен не се согласува со одлуката натпреварите да се играат пред неколку илјади гледачи.
„Не смее да има навивачи. Нека ми објаснат зошто ние играчите треба да бидеме изолирано во хотелот, да патуваме во посебни авотбуси, со маски, а пота да играме пред неколку илјади луѓе“, се прашува Хансен и продолжил.
„Ризикот е голем за сите.. Ќе размислам дали ќе играм на Светското првенство“.
Данска одбраната на светската титулата ќе ја започне во групата во која уште се и Аргентина, Бахреин и Конго.