Микел Хансен, еден од најдобрите во историјата на ракометот, ја изненади јавноста со изборот на својот нов клуб. Хансен, кариерата ќе ја продолжи во екипата на Алборг.
„ТВ2 Спорт“, објави дека по завршувањето на сезоната, Хансен ќе се врати во Данска и ќе го облече дресот на Алборг. Според овој извор, во наредните денови ќе бидат познати повеќе детали од договорот.
Хансен во досегашната кариера играл за ГОГ Гудме (2005-2008), Барселона (2008-2010), Копенхаген (2010-2012), а од 2012 е член на Барселона.
Микел Хансен во кариерата три пати бил играч на годината во изборот на Меѓународната ракометна федерација, со Данска бил европски, светски и олимписки шампион. Интересно, во кариерата, нема титула во Лигата на шампионите.