Ракометарите на Фуксе Берлин, во своето прво учество на завршниот турнир во Лигата на шампионите, изборија пласман во финалето. Актуелните германски шампиони, во првото полуфинале го декласираа Нанат со 34:24 (18:12).
Првото полуфинале на завршниот турнир мина во апсолутна доминација на поранениот голман на Вардар, Дејан Милосављев. Во ситуација кога најдобриот играч во светот, Матијас Гидсел доби црвен картон во деветтата минута, српскиот голман ја презеде одговорноста и доминираше на теренот.
Берлин во експресно, на почетокот, дојде до предност од три гола (6:3), пооа Гидсел поради невниматепен старт беше исклучен од натпреварот. До крајот тоа не се почувствува во играта на германскиот тим.
Берлни максимално ги користеше одбраните на Милосављев и констатнто ја зголемуваше предноста. Нант во ниту еден момент не успеа да се наметна.
Милосављев мечот го заврши со 15 интервенции, за споредба голманите на Нант заедно имаа осум. Најефикасни на теренот беа Фрајхефнер со 10 и Андерсон со седум кај Берлин, односно Турна со шест во редовите на Нант.
Берлин во финалето ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу Барселона и Магдебург.