Top Sport

Милосављев блескаше, Вардар го победи Монпелје

Ракометарите на Вардар го совладаа Монпелје 33:27 (16:13) и го елиминираа актуелниот европски првак од понатамошните борби во Лигата на шампионите. Вардар на крајот го освои третото место во А-групата зад Барселона и Веспрем.

Вардар фуриозно го започна мечот, на почеткот на 15 минута имаше предност 9:2, потоа следуваше неразбирлив пад во играта и Монпелје се доближи на негатива од два гола, а по првиот дел предноста на „црвено-црните“ изнесуваше 16:13.

Голема борба и незивесност донесоа првите десет минути од второто полувреме. Ракометарите на Монпелје се доближија на гол негатива и не рализираа два напади за израмнување.

Од 40 минута Вардар повторно го подигна нивото на играта, во последните десет минути влегоа со седум гола предност кога и играчите на Монпелје целосно се предадоа.

„црвено-црните“ ги предводеше голманот Милосављев со 13 одбрани. Во нападот најефикасни беа Криштопанс со осум, Карачиќ со шест и Чупиќ со пет гола.

Вардар остана на третоот место во групата, бидејќи Веспрем со пресврт во второто полувреме успеа да победи во Послка кај Кјелце со 36:35.

Во осмина-финалето Вардар ќе игра против Мотор Запорожје или ППД Загреб.

 

Scroll to Top