Top Sport

Милосављев ќе брани на СП

Поранешниот голман ан Вардар, Дејан Милосављев ќе биде во составот на репрезентацијата на Србија на Светското првенство.

Милосављев изминатите 20 дена не беше во составот на Србија, тој ги пропушти двата подготвителни натпревари против европскиот шампион Шведска.

Српскиот сојуз ги споредли информациите од медицинскиот тим дека голманот на Фуксе Берлин се рехабилитирал од повредата и дека ќе биде подготвен за Светското првенство.

Србија, првата фаза од Мундијалотќе ја игра во Катовице, против Алжир (петок, 13 јануари), Германија (недела, 15 јануари) и Катар (вторник, 17 јануари).

Најдобрите три селекции одат во следната рунда, а потенцијални ривали се Норвешка, Македонија, Холандија и Аргентина. По две селекции од новоформираните групи ќе се пласираат во четвртфиналето и ќе се квалификуваат за Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Scroll to Top