Top Sport

Милосављев заслужи место во тимот на колото (Видео)

Голманот на Вардар, Драган Милосављев е најдобар чувар на мрежата, по првиот осмина-финален круг во Лигата на шампионите. Изборот на тимот на оваа рунда го направи Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Вардар, делуваше моќно во Загреб, го прегази домашниот тим со 27:18, а голманот Милосављев одбрани 45 отсто од удрите упатени кон неговиот гол. Српскиот репрезентативец на крајот собра 14 одбрани.

Заедно со Милосављев во најдобрата седумка се уште, левото крило и пикрот на Рајн Некар Сигурдсон и Јаник Колбахер, десниот и средниот бек на Кјлеце Алекс Душебаев и Лука Циндриќ, левиот бек на Фленсбург Расмус Лауге и десното крило на Мотор Запорожје Арцем Козакевич.

Покрај тоа што е во тимот на колото, Милосавље, според ЕХФ заслужи место и меѓу најдобрите одбрани.

Scroll to Top