Top Sport

Миркуловски денеска го игра последниот меч во кариерата

Македонскитe ракометни легенди овој викенд ставаат крај на акивното играње. После Кире Лазаров, денеска и Филип Миркуловски ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Вецлар, а потоа продолжува со тренерска кариера.

Вецлар на домашен терен го пречекува Минден.

Миркуловски најдобрите години од кариерата ги мина во тимот на Металург, во периодот кога играше видна улога во Лигата на шампионите. Кога реши да се пресели во Бундес-лигата, потпиша за Хановер, а потоа се пресели во Вецлар.

Речиси две децении го носеше и дресот на ракометната репрезентација на Македонија.

Scroll to Top