Поранешниот репрезентативец на Македонија Филип Миркуловски доби нов договор и нова улога во тимот на Вецлар. Миркуловски ќе биде играч и асистент-тренер во Вецлар.
36 годишниот среден бек од Вецлар добил нов две годишен договор. Планот на клубот е тој да ги следи натпреварите од клупата како асистент на тренерот Каи Вандшнајдер, а по потреба би влегувал на теренот.
Миркуловски, по кратката авантура во Хановер во 2015 година стана играч на Вацлар.
За македонската репрезентација има одиграно 126 натпревари.