Top Sport

Митревски го предводи идеалниот тим на 13.коло во ЛШ

Македонскиот репрезентативец Никола Митревски го предводи идеалниот тим на 13.коло во Лигата на шампионите.

Митревски, со 14 интервенции блескаше против Фленсбург. Благодарение на Македонецот, Порто успеа да избори реми (26:26) во дуелот со фаворизираниот противник.

Исто така, Митревски, има една од најдобрите интервеции во ова коло. Неговата одбрана против Менсах Ларсен, ЕХФ ја стави на четвртото место.

Покрај Митревски, во тимот на колото се најдоа: крилата на Загреб и Фленсбург Давид Мандиќ и Мариус Штајнхаузер, бековите на Веспрем, Монпелје и Кил Петар Ненадиќ, Фелик Клар и Харалд Рајнкинд односни пикрот на Динамо Букурешт, Мохамед Мамаду.

Scroll to Top