Македонскиот ракометен репрезентатиец Никола Митревски е номиниран за најдобар голман во Лигата на шампиони за сезоната 2021/2022.
Чуварот на мрежата на Порто имаше одлична сезона и ЕХФ го смести во избрано голманско друштво.
Во конкуренција за наградата се и Никлас Ландин, Бенјамин Буриќ, Андреас Волф, Гонзало Перез де Варгас и Родриго Коралес.
За Митревски може да се гласа преку мобилната апликација на ЕХФ.