Македонската женска репрезентација до 19 години, загуби со 33:29 (19:16) од Црна Гора во првиот меч на Европското првенство во Романија.
По лошото прво полувреме, во кое Црногорките направија предност од три гола, Македонија не успеа да се врати во второто, за пораз во првото коло. По шест гола за Македонија постигнаа Стефановска и Јанкуловска.
Утре, Македонија игра против огромниот фаворит Данска, кои денеска во меч од нашата група стигнаа до убедлива 36:26 победа над Чешка.
Фото: РФМ