Top Sport

Младите ракометари го победија Луксембург и ќе играат за петтото место на ЕХФ шампионатот

Младата машка ракометна репрезентација на Македонија до 20 години ќе разигрува за петтото место на ЕХФ шампионатот откако денеска славеше против Луксембург со 27:23. Момците на селекторот Бранко Ангеловски покажаа дека се подобар тим, а на полувреме имаа предност од 15:9.

Ривалот се држеше до резултат 8:8, а потоа Македонија направи серија од 7:1 за убедлива предност на полувремето.

Лука Кремер од Луксембург со осум погодоци беше најефикасен на мечот, додека кај Македонија најдобар беше Михаел Тотиќ со пет гола. По четири постигнаа Тодески и Шулески.

Scroll to Top