Top Sport

Младите ракометари влегоа во топ 10 на Мундијалот во Хрватска

Младите македонски ракометари ја победија Унгарија со 22:20 на Светското ракометно првенство во Хрватска и ќе се борат за пласман на деветтата позиција во конечниот поредок.

Најефикасни во селекцијата на Македонија беа Калајџиески и Петковски со по пет гола, додека Ристевски додаде четири.

Македонија веќе го има обезбедено десеттото место, што е најдобар пласман на светските првенства во кадетска конкуренција, со оглед дека во Скопје во 2019 година го имавме 15.место.

Мечот против Унгарија беше неизвесен, на полувреме се замина со 12:12, но во вториот дел Македонија сепак успеа да се одлепи и да слави триумф.

Во битката за деветтата позиција македонските ракометари ќе играат против Чешка.

Scroll to Top