Top Sport

Мојсовски е нов претседател на РК Струга

Поранешниот македонски репрезентативец, Наумче Мојсовски е нов претседател на РК Струга во обид да се врати тимот во Суперлигата.

„Денеска се оддржа собранието на РК Струга и чест ми да ја преземам претседателската позиција. Ова е клубот во кој почнав со ракометот. Нашата целта е прво да се вратиме во Суперлигата и барам поддршка од сите навивачи на нашиот клуб“, изјави Мојсовски.

Мојсовски својата кариера ја заврши во 2016 година, откако во богатата кариера настапуваше за Пелистер, Вардар, Металург, Ла Риоха и ЧСМ Букурешт.

Фото: https://www.facebook.com/R.k.Struga/

Scroll to Top