Шпанија во неделата ја обрани европската круна во ракомет. Шпанците во финалето ја совладаа Хрватска со 22:20. Најдобри актери на финалниот меч беа македоските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Најважната одлука Начевски и Николов ја донесоа во последната минута, кога при водство на Шпанија 21:20 му судеа чекори на Игор Карачиќ. Во наредниот напад Алекс Душебаев постигна гол и ја потврди победата на Шпанија.
Одлуката да им ја одземе топката на Хрватите, поради положбата во која се наоѓа на теренот е на Начевски. Поради тоа неговиот колега Николов го прашал: „Што досуди?“, а тој му одговорил: „Не се секирај, сигурен сум дека беа чекори“.
„Нормално е дека е тешко да донесеш таква одлука, не сакаш ти да бидеш тој што ќе го реши финалето на Европското првенство во последната минута. Олеснително е што во тој момент бев 100 отсто сигурен дека играчот направи најмалку шест чекори. Сепак таква одлука мораш да донесеш во дел од секундата“, рекол Начевски за специјализираниот ракометен портал „Балкан-Хендбол“.
Siempre es buen momento para recordar cuando Igor Karacic decidió hacer el Camino de Santiago durante una final de un Europeo. pic.twitter.com/Pbphi3wavO
— Edu Agulló Canosa (@Eduagullo) January 27, 2020